pantene

Фото: Pereira & O’Dell

Познатиот производител на шампони, Pantene, на креативен начин ќе се вклучи во глобалното одбележување на 22-ри март – Светскиот ден на водите.

Во Јужна Калифорнија, Pantene претстави лимитирано издание на шишето шампон – Shower Glass, коешто минатата година беше претставено во Лос Анџелес, пишува Brand channel.

На секое шише е поставен тајмер во форма на песочен часовник. Целта е корисникот да го преврти шишето, по што “песочниот“ часовник ќе почне да одбројува пет минути додека се тушира. На тој начин се очекува да се подигне свеста кај луѓето за прекумерната употреба на водата во текот на секое туширање.

Креативната агенција Pereira & O’Dell беше задолжена за оваа кампања.

email