FOTO1_ pazar 3 ilustracijaВодечкиот македонски портал за онлајн тргување, Пазар3 (www.Pazar3.mk), деновиве прослави 10 години од своето постоење, заокружувајќи една успешна етапа во својот развој позиционирајќи се како најголем провајдер на услуги за онлајн огласување, купување и продажба на стоки и услуги.

Со повеќе од 70.000 посетители дневно и над 1.500 објавени огласи секој ден, Пазар3 го носи епитетот на најпосетен и најснабден веб пазар во Македонија – почетна страна на илјадници македонски граѓани и компании кои користејќи ја оваа платформа, секојдневно купуваат, огласуваат и продаваат најразлични производи и услуги.

“Среќни сме што Пазар3 во овие 10 години успеа да биде препознаен како незаменлив партнер на многу граѓани, компании и огласувачи и секако еден од главните ’виновници’ за развојот и афирмацијата на електронското тргување во земјава. Нашиот успех во овие 10 години е само обврска да бидеме уште попосветени во годините што претстојат и секогаш да бидеме во дослух со желбите и потребите на нашите корисници“, изјави Ајлин Шеали, извршен менаџер на Пазар3.

Во наредниот период од Пазар3 најавуваат уште многу новитети и подобрувања со цел корисничкото искуство со платформата да биде уште попријатно, но и нови услуги кои ќе ја продолжат револуцијата во е-трговијата во земјава.