artificial-inteligence Фото: Pixabay

За пет години Пекинг ќе добие технолошки парк посветен на вештачката интелигенција. Паркот ќе биде сместен во предградието на западен Пекинг, во округот Ментогоу, а ќе се простира на површина од 54,87 хектари, објави Xinhuanet.

Инвестицијата се проценува на околу 13,8 милијарди јуани или 2,1 милијарди американски долари, а се очекува паркот да привлече околу 400 компании што се занимаваат со вештачката интелигенција достигнувајќи годишен приход од околу 7,7 милијарди долари.

Паркот ќе се фокусира на развивање на повеќе области како супер-големи брзи податоци и нивна глобална размена, биометриска идентификација и длабинско учење. Неговата технолошка инфраструктура ќе вклучува и мобилна мрежа од петтата генерација, суперкомпјутер и т.н. облак услуги.

Во креирањето на паркот ќе се вклучат повеќе кинески и странски универзитети, истражувачки институти и големи компании што во рамки на објектот ќе основаат различни истражувачки центри, а таму ќе биде сместена и националната лабораторија за вештачка интелигенција.