planeФото: Pexels

Airbus, Delta, OneWeb, Sprint и Bharti Airtel се авиопревозниците што од наредната година ќе воведат брз интернет во своите летови. Благодарение на 5G технологијата, се очекува интернетот да биде со иста брзина како пребарувањето на копно. Целта е да се премости глобалниот дигитален јаз на копно и во воздух, пишува Airbus, еден од иницијаторите на овој проект.

Тргнувајќи од сознанието дека нивните патници очекуваат одлична интернет конекција дури и кога се наоѓаат во авион, авиокомпаниите сметаат дека оваа инвестиција ќе ја подобри услугата што им ја нудат на своите клиенти и ќе го зголеми интересот за користење на услугите на компанијата.

Најавено е дека оваа технолошката платформа ќе започне да функционира од следната година, а истата ќе биде спроведена преку сателит. Иницијаторите очекуваат дека над 370 милиони патници ќе ја искористат услугата.