angryФото: Pexels

Секојдневно среќаваме луѓе кои мислат дека знаат сè. Доволен е само еден разговор со нив за да се почувствуваме инфериорно. Овие лица веројатно се и најтешките типови на луѓе со кои ќе си имате работа. How to talk with confidence советува како да се справите со нив без да ги “изгубите” нервите.

Никој не знае сè

Нема зошто да се чувствувате помалку вредни доколку некој се обидува да ви наметне мислење дека знае повеќе од вас. Никој не може знае сè, секој може само да биде експерт во својата област.

Слушајте што има да ви каже

Внимателно слушајте што другата личност ви кажува и какво знаење ви пренесува. Секогаш можете да научите нешто ново и од овие луѓе. И да имате аргументи со кои што би можеле да им се спротиставете, немојте. Така ќе креирате ново недоразбирање и уште една непријатна ситуација.

Игнорирајте

Понекогаш е најдобро само да ги игнорирате нив и нивната потреба постојано да бидат во право за нешто. Ароганцијата најчесто е последица на искуство од детството. Голема е веројатноста овие луѓе кога биле деца, родителите постојано да им посочувале дека се во право, па тие несвесно пораснале со ова сознание во глава.

Насмевнете се

Понекогаш едноставно знаете дека она што сезнајкото го кажува не е точно. Наместо да се нервирате, насмевнете им се. Можеби на овој начин ќе сфатат дека не се однесуваат разумно. Смеењето е најдобрата одбрана против ароганцијата.

Прекинете го разговорот

Секогаш кога ќе сфатите дека некоја личност почнува да ве нервира, заминете си. Нема потреба да си го трошите вашето време и нерви и да ризикувате да се скарате. Најдобро извинете се и напуштете ја просторијата отколку да создадете ново непријателство.

email