strav

Фото: Pixabay

Секој не може да биде претприемач. Патеката по која што чекорат претприемачите не е воопшто лесна и потребна е храброст. Ова се најчестите стравови со кои се соочуваат луѓето кои сакаат да бидат претприемачи.

Мислењето дека сè уште не сте подготвени

Претприемништвото е учење и процес. Никогаш не можете да бидете целосно подготвени и кога и да започнете ќе се соочувате со бројни препреки и доживување на нови искуства.

Замерките од другите за различноста

Различноста е поентата на претприемништвото и не го заборавајте тоа. Вашата цел треба да биде да смислите нешто оригинално што го нема на пазарот и да создадете своја приказна. Инаку би можеле да работите кај друг претприемач или компанија.

Тоа е веќе видено

Секако дека е реткост да се најде нов Никола Тесла или Стив Џобс, но тоа не значи дека веќе постоечките идеи не може да ги насочите на една целна група или да ја модифицирате. Не ви е потребно епохално откритие, потребно е само да ги задоволите потребите на одредена група на луѓе.

Страв од неуспех

Ова е нормално, но не треба да ве парализира. И неуспехот е дел од животот на којшто треба да гледате како на уште едно искуство и да извлечете нешто корисно, пишува Success.

email