cips od kompiri

Малата шведска пиварница St Erik’s направи ексклузивно пакување од пет парчиња чипс од компири по цена од околу 50 евра.

“Првокласно пиво заслужува и првокласни грицки, па поради тоа направивме голем напор да го произведеме најексклузивниот чипс од компири. Ние сме многу горди да претставиме вистинско крцкаво задоволство“, изјави Маркус Фриари, бренд менаџер на компанијата.

Она што го прави секое парче чипс да чини околу 15 долари е тоа што се користат ретки состојки од Нордиските земји, што можат да се најдат само во одредена сезона од годината.

Чипсот е направен од компирите Ammarnäs, коишто се рачно набрани од ридовите на истоимениот град во Шведска.

Изработени се само 100 кутии со чипс, коишто за многу кратко време се распродадени.

email