dormirin-2

Фармацевтската компанија ПхармаС го одбележува Светскиот ден на спиењето – 17-ти март, со цел да даде значење на потребата од квалитетен и мирен сон, и да ја подигне јавната свест за зголемениот број на пореметувања на сонот кои го нарушуваат здравјето, стои во соопштението.

Спиењето има огромно значење за целокупното здравје на организмот, работната способност, менталното и емотивното функционирање на човекот. Квалитетот на сонот влијае на квалитетот на животот и секојдневното функционирање.

“Во текот на следнава недела, на различни локации во Скопје ќе поставиме кревет како симболика за одмор и спиење. На сите ни е јасно дека спиењето има огромно значење за целокупното здравје на организмот, но за жал несоницата е појава која бележи подем во светски рамки, па и во Македонија. Скоро 95% од возрасните доживеале барем една епизода на несоница во текот на животот. Затоа, презедовме иницијатива со која ќе ги информираме граѓаните за штетните последици од недоволното спиење и ќе ги поттикнеме да посветат поголемо внимание на квалитетот на сонот како потреба и основа на здравјето“, вели Филип Ачкоски, регионален директор на команијата ПхармаС.

Несоницата се дефинира како повторувачка потешкотија којашто се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на спиењето, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности. Вообичаени критериуми за несоница се: подолго време од 30 минути за заспивање, спиење помалку од шест часа, будење повеќе од три пати во текот на ноќта, рано будење без можност повторно да се заспие и спиење кое е со слаб квалитет.

Според  Ачкоски, несоницата може да се превенира, со тоа што ќе најдеме време за опуштање од секојдневните стресни активности и ќе посветиме внимание на одморот и спиењето, а нејзиниот третман треба да биде со помош на природни препарати избегнувајќи ги притоа хемиските лекови од редот на хипнотици и опијати.

Статистиката говори дека околу 1/3 од возрасните имаат одредени потешкотии да заспијат или да спијат во тек на 12 месеци, а од нив 17% сметаат дека имаат сериозен проблем и бараат медицинска помош. Иако несоницата не познава пол, возраст и занимање, сепак е почеста кај жени на средна возраст поради хормонските промени кои настануваат во тој период од животот на жените и т.н менопауза, кај луѓе кои подолг временски период се изложени на стрес, кај луѓе кои работат во смени и имаат пореметен биоритам, кај луѓе кои често патуваат и менуваат временски  зони, а со тоа се нарушува и нивниот секојдневен ритам на спиењето, како и кај луѓе со одредени психолошки и психијатриски болести, односно пореметувања.

email