ova

Фото: Youtube

Паметниот распрскувач Pium е дело на старт – ап со седиште во Њујорк што е претставен на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter. Уредот ја комбинира ароматерапијата со IoT, (Интернет на нештата или Internet of things), пишува Dezeen.

Распрскувачот “одредува” кој мирис е потребен во даден период во денот, било да сте дома или на работа, преку претходно изготвен профил на корисникот. Апликацијата му праќа информации на Pium за дневната рутина на корисниците и така паметниот уред ја приспособува аромата.

Користи три капсули и секоја од нив содржи природни есенцијални масла. Капсулите се ставаат во уредот и се активираат во различни периоди. За наутро се препорачува рузмарин којшто го буди телото и дава свежина, а навечер лаванда за добар сон. Пеперминтот помага за изострување на сетилата за време на работниот ден, додека мешавината од мед и цреша ја подгрева романтичната атмосфера навечер.

Уредот го одредува и интензитетот на мирисот и се исклучува кога корисникот не е во собата, а се вклучува кога е во близина.

Pium ќе биде достапен во две варијанти – сивиот Brooklyn со футуристички изглед и белиот Chelsea што изгледа како предмет од кујната. Распрскувачот се очекува да биде пуштен во продажба во март 2018 година.

email