rz-institut-portfolio

РЖ Институт оваа година планира да оствари нето добивка во износ од 8.824.757 денари, покажува Производно – финансискиот план за 2018 година.

“Во билансот на успех се вкалкулирани проектираните приходи и трошоци проектирани од организационите единици и сведени на ставки за материјали и енергија, плати, останати трошоци и за набавка на трговска стока. Проектираната ЕБИТДА изнесува 24,6 милиони денари, а по калкулација на амортизацијата, проектираната добивка изнесува 13,6 милиони денари. По калкулирање на финансиските приходи и расходи, се очекува добивка пред оданочување од приближно 10 милиони денари“, стои во планот.

Во проектираните приходи од приближно 161 милиони денари, како што се наведува, најголемо учество зазема заводот за алуминиум со 61 милиони денари, по којшто следи заводот за ПМС со 42 милиони денари и заводите за бакар и железо со проектирани приходи по 28,5 милиони денари. Проектираните приходи од услуги се на ниво под еден милион денари.

email