worlds-tiniest-life-jacket-designboom-ploota-2Фото: Ploota

Најмалиот појас за спасување во светот можете да го носите како ѓердан околу вашиот врат. Иако е дури 50 пати помал од обичниот, сепак е многу попрактичен и може да се користи повеќе пати, пишува Designboom.

За разлика од другите појаси, можете да го користите и под вода. Без разлика дали пливате или нуркате, можете да го активирате уредот преку сензор и веднаш ќе ве врати на површината на водата.

Појасот тежи само 280 грама и не им претставува дополнителна тежина на авантуристите кои практикуваат екстремни спортови во вода.