jaguar-d-typeФото: Jaguar

По 62 годишна пауза, Jaguar повторно ќе го произведува легендарниот D-type тркачки автомобил. Последниот примерок од ова возило бил произведен во 1956 година, пишува Designboom.

За оваа година британскиот производител најави 25 нови примероци што ќе бидат рачно изработени во фабриката во Англија. Токму овој автомобил дури три пати бил победник на 24 часовната Le mans трка меѓу 1955 и 1957 година, благодарение на цилиндричниот XK мотор.

Новиот тип на познатото возило ќе биде автентичен како стариот креиран од неговите инженери во 1950-те. А доколку килентите се одлучат да го купат овој спортски автомобил ќе можат да изберат помеѓу Jaguar shortnose или Jaguar longnose каросеријата.