vip

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за сите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација, стои во соопштението.

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок Mесечен интернет пакет од 2 GB што ќе можат да го искористат до 31-ви јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок Неделен интернет пакет од 1GB што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.