gamapodravka

Прехранбената и фармацевтска компанија Подравка и хрватскиот старт – ап Gammachef објавија стратешко партнерство за иновативниот проект робот – готвач, што сам да подготвува храна.

Gammachef, разви роботска технологија којашто овозможува роботот – готвач да подготви оброк во еден лонец. Основачи на овој старт – ап се информатичарите Дражен Дрнас и Џулијано Нола, кои освен професијата, ги споила и љубовта кон храната и готвењето. Благодарение на партнерството со Подравка добиле храброст идејата да ја претворат во реалност, а патот до нејзината реализација траела околу две години.

gama2

“Нашата мисија е да помогнеме да подготвите јадење со помош на Gammachef. Нашиот следен чекор ќе биде склучување на соработка со технолошки партнер што ќе го поддржи понатамошниот развој на технологијата и комерцијализација на Gammachef. Роботот имитира потези на вистински готвач, памти рецепти, а единствен услов е да готвите јадење кое може да се подготви во еден лонец, како рижото. Мило ни е што Подравка ја препозна нашата иновација“, вели Нола.

gammachef

Автоматизираниот кујнски апарат, којшто во овој момент е во фаза на прототип, за готвење поддржува 20 рецепти, лесно се одржува и чисти.

“Инвестирањето во Gammachef е прво вложување на Подравка во старт – ап, со амбиција да продолжиме и во идни проекти од овој тип. Gammachef e компанија којашто понуди иновација во подготовката на храна и веруваме дека пазарот тоа ќе го препознае. Брзите промени во прехранбената индустрија се еднакво брзи како и во останатите индустрии, а ние сакаме да бидеме ко – креатори во процесот. Ова е само почеток во дефинирање на нови бизнис модели со коишто ќе настапуваме на светските пазари“, вели претседателот на управата на Подравка, Звонимир Мршиќ.

email