polaroid-pop-header

Фото: Polaroid

Polaroid Pop е најновата камера од легендарниот производител на фотоапарати Polaroid, пишува Mashable. Она што е интересно за овој уред е што може веднаш да ја испечати фотографијата во боја.

Опремен е со четири инчен LCD екран на допир од едната страна и камера од 20 мегапиксели на другата страна и сето она што еден фотоапарат го содржи: блиц, стабилизација на слика, микрофон, MicroSD мемориска картичка и слично.

Polaroid Pop ја користи технологијата за печатење на Zink Zero Ink и печати фотографија со рамка чии димензии се 8,8 на 10,7 сантиметри, големина слична на некогашните фотографии на Polaroid.

Камерата се поврзува со мобилен телефон преку Wi-Fi или Bluetooth, па така може да се испечати фотографија што веќе ја имате зачувано во него. Цената на Polaroid Pop ќе изнесува 199,99 долари и ќе почне да се продава во САД од следниот месец.

email