polimind

Фото: Polimind.com

Душан Цветковиќ и Андреа Кабанас се основачи на српско – португалскиот старт – ап, Polimind, што се занимава со дизајнирање на 3D модели од хартија.

“Мојата девојка и јас сме српско – португалски тандем со голема мисија да го промениме начинот на којшто се уредуваат домовите ширум светот. И двајцата сме архитекти и пред околу шест месеци одлучивме да влеземе во претприемничките води со оваа креативна идеја. Во декември се појавивме на Интернет со нашите идеи, кога сакавме да ги разгледаме можностите на пазарот на хартиени модели т.е. декорации. Засега имаме над 6.000 фанови на нашиот Instagram профил“, вели Цветковиќ за Netokracija.rs.

Тие двајцата ги дизајнираат сите модели што може да се најдат во понудата, а уникатните фигури може да склопуваат во различни големини според дизајнот и функцијата, со голем избор на бои.

Сите модели содржат веќе исечени и оптимизирани делови, коишто се подготвени за склопување. Корисникот нема потреба да користи сложени алати, ниту лепило. Од таа причина, целиот процес е многу полесен и поедноставен.

Polimind го претстави својот проект на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што бараат финансиска поддршка од 19.850 евра. Поддржувачите може да си порачаат некои од овие модели од хартија по различни цени (од 1 до 99 евра) и на тој начин да го поддржат овој старт – ап.

email