Важи за една од најуспешните и најпрофитабилни веб страни за онлајн продажба. Приказната за Џек Ма е неверојатна, а еве и неколку интересни факти за Alibaba што можеби не сте ги знаеле.

102022037-alibaba-group-ipo.1910x1000_0_0_0

Основачот на Alibaba, Џек Ма, беше професор по англиски јазк кога ја започна страницата од неговиот еднособен стан во кинеската провинција Жеџијанг во 1998 година.

Идејата за името на веб страната Ма ја добил во една кафетерија во Сан Франциско. Ја прашал келнерката што знае за Али Баба и таа му одговорила: Отвори се Сезаме.

Компанија доминира во трговијата на мало во Кина. Над 80% од оналјн продажбата припаѓа на Alibaba.

alibaba2

Во раните денови, вработените се преправале дека не се од Кина кога праќале мејлови на клиенти од САД.

Ма ја започна приказната за Alibaba со 60.000 долари позајмени од 18 луѓе.

Компанијата има над 400 милиони корисници од целиот свет.

Кога му треба инспирација, Џек Ма оди во станот каде за прв пат ја започна веб страната.

Alibaba денес вработува повеќе од 46.000 работници.

bb

Повеќе од 50% од пратките испратени во Кина се Alibaba пратки.

Талентот на Ма за јавно говорење и сценски настап го наследил од неговите родители кои биле некогашни изведувачи/раскажувачи на традиционални приказни во стилот на Pingtan (уметничка форма на изразување во Кина).

Alibaba има неколку веб страни. Некои од нив се Alipay — онлајн плаќање, Aliyun — клауд услуги, Aliyun App Store — мобилни апликации, Taobao — е-трговија помеѓу потрошувачи, Tmall — е-трговија помеѓу бизнис и потрошувач и други.

На 11 ноември 2013 година, за време на 24 часовна продажба (Singles Day), Alibaba заработи 5,75 милијарди долари, што беше за 80% повеќе од минатата година.

email