kolumna

Фото: Pixabay

Подоцна или порано, во текот на животот, сфаќаме дека да се побара ПОМОШ не е страшна работа. Но, не е проблемот во тоа, туку има луѓе кои најчесто би се мачеле или уназадувале себе си, па и другите, но поради гордоста нема да побараат помош.

Од некои причини, голем број од нас, барањето помош го гледаат како знак на слабост. Иако, ако го гледате од друг аспект, изгледа како знак на голема јачина на свесност. Свесен си дека е потребна помош, помош која во тој момент ќе ти помогне и ќе те засили.

Но, доаѓа време кога е потребно да побарате помош. Тоа е добро за вас, но и за средината. Бидејќи сè спротивно од тоа е само талкање сам, правење на грешки и на крај ширење на незадоволство.

  • Кога сте сигурни дека навистина ви треба помош – тогаш кога сте ги истражиле сите можности, сите опции се исцрпени и едноставно немате излез од ситуацијата. Време е да побарате помош, но прво запрашајте се, дали навистина сте ги исцрпиле сите можности? Не за друго, можно е да добиете многу очигледна помош, која едноставно не можете да ја согледате.
  • Кога правите грешки, поретко или пречесто – сите ние грешиме, човечки е да се греши. Од грешките најдобро се учи. Но, ако се тие постојани и чести, време е да побарате помош во анализирање на грешките, ваше доусовршување, делегирање и ред други работи поради кои грешките се многу чести.
  • Кога немате појма што правите – ако немате апсолутно никаква идеја што треба да направите и што се очекува од вас, мислам дека е време да му се обратите некому (колега, пријател, другар, фамилија…) за објаснување или за помош.
  • Кога имате премногу обврски – па и на најдобрите им се случува тоа, да знаете. Ентузијазмот е тој којшто нè тера цело време да викаме ДА, за секој проект што ви доаѓа, а вие сте затрупани со работа. Лимитот е достигнат, но не се давате, ентузијазмот е тука. Време е да побарате помош од соработниците, пријателите, роднините за завршување на преземените обврски, но и време е да научите нешто од ситуацијата во која сте се нашле и зошто сте се нашле!
  • Кога ви е потребна дополнителна стручност – вклучете од самиот старт повеќе луѓе во имплементацијата. Немојте да ги преземате работите на свој грб, но и не само на своја заслуга. Бидете отворени за споделување на заслугите, но и за одговорностите.
  • Кога едноставно немате време – времето си тече, и ви останало сè помалку време за да се заврши некоја задача. Во тој случај, време е само да побарате помош за извршување на работите. Така, менаџирајте се убаво со времето.
  • Кога ви паѓа моралот, ентузијазмот и енергијата – потребна е голема самосвесност да го увидите ова, па и пред да увидите, слушнете ги мислењата на другите и како тие ве гледаат однадвор. Имајте доверба кон луѓето и бидете отворени на критики, бидејќи тие се сигурно добронамерни, не за друго, сте ги добиле од најблиските, односно од оние на кои им верувате.

Да бидеме искрени, барањето помош не е лесно. Не е нешто што го правите лесно и туку – така, па и претераното барање помош не е убаво. Тоа, пак, значи дека не можете ништо сами да завршите и доведува до намалување на довербата од другите кон вас. А тоа сигурно не го сакаме, нели?

Со успех во промените.

email