industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, на домашниот пазар се повисоки за 0,3% на месечно ниво, односно за 1,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2017, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индистриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1%, Капитални производи за 0,2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%, и Енергија за 0,1%.

Во октомври 2017, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3%, Капитални производи за 3,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7%.

email