industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември лани, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,6%.

Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 23,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,5%.