jajca-pixabay

Фото: Pixabay

Во Холандија веќе неколку години се спроведува програмата “Посвој кокошка“ на организацијата Bionext.

Преку оваа програма, потрошувачите се мотивирани за одредена сума на пари да “посвојат кокошка“ и да го финансираат нејзиниот живот на фармата. На тој начин тие финансиски поддржуваат органско производство на јајца. Дел од собраните финансии се доделуваат како помош на фармерите што се занимаваат со органско производство, а дел за промоција на оваа програма и слични програми.

Секој што ќе уплати 24,5 евра годишно добива право во најблиската продавница за органски производи шест пати во годината да добие пакет од шест органски јајца. За 34,5 евра може да добива по шест органски јајца секој месец.

email