logo1

Пред еден месец Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија, преку својот Регионален центар во Скопје, го отвори уписот на постдипломски студии на Меѓународната бизнис академија (IBA – International Business Academy, Master programme). Аплицирањето е отворено до 15-ти февруари 2018 година, стои во соопштението.

“Програмата, којашто веќе 10 години се изведува и во регионалниот центар во Скопје, го дава сето академско и практично знаење што е потребно за подобрување на бизнис кариерата затоа што студиумот е целосно во изведба на Економскиот факултет – Љубљана, еден од најдобрите во Европа и светот. Тој е првиот и моментално единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA“, стои во соопштението.

На мастер програмата може да аплицираат економисти и неекономисти  (менаџери, претприемачи, амбициозни експерти за технологија, дипломирани студенти и секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски знаења и вештини со цел да идентификува и реши комплексни бизнис проблеми). Оваа меѓународна постдипломска програма ја имаат завршено бројни професионалци од познати компании како Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo – Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово и други овозможувајќи им напредок во кариерата и напредок на нивните компании.

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – Beta Gamma Sigma.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет – Љубљана во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk; 070 338 570) или да го посетат следниов линк: http://bit.ly/2CWFD2e.

email