prasanje

Фото: Pixabay

Добриот лидер не само што дава одлични одговори на прашањата, туку тој исто така поставува и добри прашања. Може да научите многу преку поставување на одлични прашања. Тоа помага да го зголемите знаењето и разбирањето, а вашиот тим ќе се чувствува вклучено бидејќи кога ги слушате тоа покажува дека го цените нивниот придонес и ја зголемува нивната посветеност и мотивација.

Ова се прашањата што најчесто ги поставуваат добрите лидери.

Дали има поедноставно решение

Многу луѓе имаат тенденција да ги комплицираат работите, особено кога се под притисок и како лидер треба да се повлечете, да паузирате и да запрашате дали има поедноставно решение што може да се спроведе. Како лидер на својот тим треба да му дадете време да размисли и најде алтернатива за решавање на проблемот. Луѓето кои се најблиску до проблемот најчесто имаат најдобро разбирање за тоа, но може не се вклучени во изнаоѓање на решението. Затоа најдобро е да дадат придонес во негово решавање.

Како може да помогнам

Големите лидери не ја гледаат својата позиција како средство за стекнување моќ над другите. Тие знаат дека нивната улога е да работат на целта, мисијата и визијата на организацијата и да им помагаат на членовите на тимот.

Што треба да престанеме да правиме

Може да очекувате одлични резултати кога ги прашувате членовите од тимот што би престанале да прават. Бидете отворени за одговорите што ќе ги добиете и создадете средина каде што луѓето ќе се чувствуваат удобно да го кажуваат тоа што го мислат.

За што сте загрижени, но никој не кажува

Ова прашање навистина ги изненадува членовите на тимот, но сепак тоа е едно од најдобрите прашања што лидерот може да ги постави. Кога големите лидери го прашуваат тоа внимателно слушаат и внимателно реагираат затоа што знаат погрешен одговор значи дека никогаш нема да добијат вистински одговор. Добриот лидер знае дека одговорите што ги добиваат се многу важни, па затоа се подготвени да слушаат без разлика колку “тешки“ може да бидат информациите.

Дали е итно или важно

Добриот лидер го прашува тимот дали работата е итна или важна. Како лидер треба да внимавате поголемиот дел од вашето и времето на вработените да се троши во извршување на важни предмети, инаку секогаш ќе бидете под притисок.

email