2018

Фото: Pixabay

Според истражувањето на Gallop од 2017 година, глобално 67% од работната сила се чувствува недоволно ангажирано или исклучено во извршување на работните задачи. Овие поединци тешко се забележуваат затоа што се релативно среќни, го даваат својот минимум и обично не се сигурни што е она на што треба да се фокусираат или како се мерат нивните перформанси.

Само 15% од работната сила може да се дефинира како ангажирана, што значи дека тие се емоционално поврзани со нивната работа, разбираат како нивната работа води до успех и многу јасно ја разбираат ефикасноста и очекувања. Остануваат 18% од работната сила којашто е сосема исклучена, тие активно или пасивно работат против компанијата и создаваат токсична работна средина.

Ако сакате да ги остварите вашите професионални цели во 2018 година и да бидете член од тимот на кој сите менаџери се надеваат поставете ги овие прашања на вашиот шеф, еднаш месечно по овој редослед:

Јануари

Кои се вашите врвни приоритети за претстојната година, како ќе се измерат и како се поврзани со плановите за компанијата. На овој начин ќе бидете сигурни дека плановите на компанијата се усогласени со вашите активности.

Февруари

Откако ви се поставени целите од 2018 година, побарајте совети за тоа како можете да ги постигнете.

Март

Се доближувате до првиот квартал, прашајте каков е вашиот напредок и дали се потребни некои корекции.

Април

Дали некои од целите и визијата којашто е поставена на почетокот на годината треба да се променат.

Мај

Поставете му прашање на шефот дали е задоволен од вашата доверба, тимска работа, отчетност.

Јуни

Веќе се доближувате до втората половина од годината, прашајте дали има било какви ресурси што ќе ви помогнат во професионалниот развој за да ги остварите поставените цели.

Јули

Побарајте од вашиот шеф информација за тоа како компанијата ја извршува визијата и целите во 2018 година и дали има нешто друго што може да направите.

Август

Прашајте дали има некаков проблем и дали може да помогнете.

Септември

Дали се потребни некои промени во извршување на задачите. Прашајте го шефот како се движите и дали ќе ги исполните целите.

Октомври

Посочете му на шефот дека сте свесни за вашата проактивност во барањето повратни информации и конструктивни критики во текот на целата година, но понудете се да дадете уште повратни информации.

Ноември

Крајот на годината се ближи. Побарајте фидбек од шефот за тоа што треба да престанете да работите, а на што да продолжите.

Декември

Додека се планираат целите за следната година прашајте го шефот дали го имате потребното искуство и ресурси за да продолжите со соработката.