atiba-naslovnaАтиба Амалиле, директор на ЦЕЕД Танзанија

ЦЕЕД е меѓународна организација со седиште во Вашингтон којашто се занимава со поддршка на претприемачите, директно им помага да ги зголемат своите способности и вештини, своите знаења, да запознаат нови претприемачи и да разменуваат искуства едни со други. ЦЕЕД како Центар за развој на претприемачи и менаџери е стартуван во 2005 година. Првиот ЦЕЕД центар е отворен во Бугарија, во Македонија е отворен во 2007 година. Вакви центри има и во Словенија, Романија, Косово, партнерски центар во Црна Гора, Албанија, Србија, Тунис, Мароко, Молдавија, Ерменија, Бангладеш… , а од минатата недела е отворен ЦЕЕД центар и во Танзанија. По тој повод разговаравме со директорот на ЦЕЕД Танзанија, Атиба Амалиле.

БИ: Што значи за Танзанија отворање на Центар за развој на претприемачи и менаџери?

Отворањето на Центар за развој на претприемачи и менаџери во Танзанија е одлична можност за малите и средни претпријатија. Обезбедуваме уникатна програма за развој на вештини и размена на искуства од ментори од што малите и средните претпријатија во земјата ќе имаат директна корист. Цврсто веруваме во концептот дека претприемачите најдобро учат од други претприемачи и сега е вистинското време да се случи отворање на центарот. Исто така, со тековниот приоритет на танзаниската влада за развој на индустријализацијата, ЦЕЕД е позициониран да придонесе за политиката на владата, да им помогне на компаниите да го доведат бизнисот во втора фаза, да бидат поиндустријализирани и поуспешно да работат.

ceed-tanzania

БИ: Какви се вашите очекувања, како ЦЕЕД ќе влијае врз бизнис заедницата во вашата земја?

Очекуваме ЦЕЕД да внесе промена во начинот на учење на локалната бизнис заедница. Со големото искуство и успеси што ЦЕЕД ги има постигнато во други земји, нашите очекувања се дека бизнисите со кои работиме ќе растат со времето, не само поради вмрежувањето со други претприемачи, туку и со поширок екосистем. Очекуваме да видиме зголемување на приходите, подобро и поефикасно производство, раст на индустријализацијата и на вработувањата.

БИ: Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат претприемачите во Танзанија?

banerИма многу предизвици. Претприемачите во агробизнисот генерално се соочуваат со потешкотии во обезбедување висококвалитетни суровини како пченка, сончоглед, ориз… Често постои висок ризик од низок квалитет на производите поради лошото третирање по бербата. Освен тоа, како и во многу економии, голем предизвик е пристапот до соодветни финансии. И на крај, би сакал како уште еден предизвик да ги додадам основните менаџерски вештини. Танзанија има стотици илјади претприемачи, но многу од нив се микро претприемачи. Пристапот до обуки за менаџерски вештини е многу важен за бизнисот да биде поконкурентен и да расте.

БИ: Кажете ни нешто повеќе за Вас. Што Ве мотивира, што Ве исполнува?

Скоро 15 години работев во секторот за развој на приватниот сектор. Во овој период научив да го ценам претприемачкиот процес и како тој влијае врз поединецот, заедницата и земјата. Програмите, како оваа на ЦЕЕД што се фокусирани на градење претприемачки екосистем многу ме исполнуваат, затоа што знам дека мојата работа позитивно придонесува за подобрување на животот на илјадници семејства и заедници.

email