lg

Корејската компанија LG најави дека ќе го претстави својот нов ласерски проектор LG ProBeam на саемот Consumer Electronics Show (CES) којшто ќе се одржи во јануари 2017 година во Лас Вегас, пишува Tech Radar.

LG ProBeam е опремен со ласер којшто создава светлина до 2.000 лумени, што го прави погоден за употреба и на дневна светлина. Овој проектор е лесно пренослив бидејќи тежи само 2,1 килограми.

lg1

Уредот обезбедува full HD резолуција, а благодарение на Sound Sync Adjustment технологијата, овој проектор е компатибилен со аудио уреди што поддржуваат Bluetooth.

Цената сè уште не е откриена.

email