profi

Фото: Pixabay

Многу често слушаме колку е важен професионализмот во која било ситуација, но колку навистина се придржуваме до него? Сите ние од другите бараме професионалност, но колку сме ние самите професионални?

Професионалноста, како на работа, така и на кое било друго место, се дефинира преку однесувањето на самата индивидуа. Професионалноста не се однесува само на позициите што ги дефинираме како професии што бараат високо образование и голема заработувачка, туку се однесува за сите професии и квалификации.

Професионалноста не е нешто што ќе ви биде кажана кога ќе започнете со работа, туку е нешто што би требало да дојде само до себе. Нешто како домашно воспитание, но и повеќе од тоа. Професионалноста е она што треба да го имаме сите во нас, затоа што само ако си професионален, можеш да успееш.

Постојат неколку особини кога станува збор за професионалност што треба да бидат развиени:

  • Сигурност – да може луѓето да се чувствуваат сигурни во вас и да знаат дека она што сте се договориле, дека ќе биде исполнето и завршено на време.
  • Компетентност – дека сте таа личност која е за таа работа, а не дека ќе треба да одат и на друго место.
  • Чесност – една од најважните работи во професионалното однесување, нешто што денеска недостасува.
  • Навременост – само професионалец се карактеризира со навремено исполнување на задачите, но и нивно квалитетно извршување.
  • Почит – како кон себе, така и кон другите.
  • Надградување – да бидете подготвени и отворени за постојано надградување на своите знаења.
  • Позитивност – никој не сака песимисти! Бидете оптимист и имајте решение на сите проблеми.
  • Поддршка – ако видите дека некој сака да научи од вас, поддржете го во тоа. Професионалноста се учи и се надградува. Немојте да ја чувате за себе, поддржете ги и другите во тоа.
  • Фокус – бидете фокусирани на тоа што го работите. Не дозволувајте вашиот приватен живот да ви влијае врз работата и обратно.
  • Активно слушање – луѓето сакаат да бидат слушнати, но и да бидат разбрани во тоа што го кажуваат. Учествувајте активно во разговорите.

Настапувајќи професионално, градите доверба кај луѓето, околината може да верува во вас, ќе ве почитува, а со тоа воедно ја градите вашата компетентност кај нив.

Со успех во промените.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.

email