paricnik-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во февруари оваа година е 22.347 денари, додека во бруто износ е 32.869 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 2,4%. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11,9%), Информации и комуникации (6%) и Рударство и вадење на камен (4,9%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8,1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7,3%) и Рударство и вадење на камен (5,4%).

Во февруари 2017 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

email