rabotnici-minijatura-cokoladi-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 23.229 денари, додека во бруто износ е 34.127 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември 2017 година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 4,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (32,1%), Преработувачка индустрија (9,8%) и Рударство и вадење на камен (9,2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,1%), Други услужни дејности (4,8) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4%).

Во септември 2017 година, 1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

email