Редок син дијамант е продаден во Женева за 17 милиони долари, соопшти аукциската куќа Sotheby’s. Според првичните процени, за 342 предмети, аукциската куќа добила околу 100 милиони долари.

Небесно синиот дијамант од 8,01 карати, што го обработи дизајнерската компанија за скапоцености Cartier, е продаден за 33% повисока цена од онаа што беше постигната во 2012 година, кога анонимен купувач за него одвои 12,8 милиони долари.

Ривалската аукциска куќа Christie’s, исто така, ја отвори сезоната со 167 дијаманти за коишто се платени 97 милиони долари и предвидуваат дека вредноста од продажбата ќе достигне 80 милиони долари.

email