nbrm-logo-pocetna

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) денеска спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14-ти февруари 2018 година.