makedonska-berza2

Комисијата за берзански индекси, на 15-ти овој месец, изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација – Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација – Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација – Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација – Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација – Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација – Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација – Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација – Четиринаесетта емисија (RMDEN14) и Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15).

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 03.01.2017 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.06.2017 година.

email