sadi-rastenija-pexels

Фото: Pexels

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во креирањето на бруто -додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 31,1%, потоа Пелагонискиот со 19,4% итн., додека најмало учество има Североисточниот регион со 3,8%.

Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 37,7%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20,8%.

email