paricki-sitni

Податоците на Народната банка Романија покажуваат дека 45% од компаниите во земјата имаат капитал што е под законскиот минимум. Со тоа, овие компании не се економски оправдани и претставуваат ризик за економијата и државата ќе треба да ги избрише од евиденција, пишува Romania Insider.

Компаниите во Романија се соочуваат со недостиг на капитал и најчесто се финансираат со задолжување. Освен тоа што компаниите располагаат со оскуден капитал, бројот на компании во Романија е исклучително мал. Податоците покажуваат дека има 22 компании на 1.000 жители, што е двојно под европските стандарди.

Вкупно 275.500 од 608.000 активни компании во Романија во доставените финансиски извештаи покажуваат дека акционерскиот капитал е за 50% понизок од основачкиот влог, што е против законите во земјата.

Скоро една четвртина од компаниите во романската економија во текот на годината прикажале нула промет, а 40% од нив немаат ниту еден вработен.

email