19571326_1960789030865457_3640392848202792960_n

Романскиот старт-ап ATi Studios на браќата Александру и Тудор Илиеску од Брашов, Романија, добија награда на натпреварот на Facebook за стартапи, пишува Romania Insider.

Нивната бесплатна апликација за учење јазици, Mondly Languages, беше наградена за најуспешна апликација во Европа, Блискиот Исток и Африка.

FbStart Apps of the Year натпреварот ги наградува најиновативните и најуспешни апликации од FbStart програмата. За овие награди беа регистрирани 900 апликации од 87 земји.

Mondly работи од 2014 година и од тогаш има 20 милиони симнувања. Mondly е прва комапнија којашто користи виртуелна реалност за учење јазици со технологија на препознавање на говор и chatbot.

email