roraima

Планината Рораима позната како “Остров во облаците“ се наоѓа помеѓу три држави: Венецуела, Бразил и Гвајана.

roraima2Планината што пред 130 години беше непозната, денес е дестинација за љубителите на авантурата и природата.

roraima3

Туристите тргаат во поход на освојување на врвот каде се наоѓа Куќата на Боговите. Прв кој зачекорил на оваа мистериозна планина е британскиот истражувач Еверард Им Турн, кој во 1884 година поминал низ џунгла и карпи за да го освои врвот.

planinari

Токму неговиот пат е единствен начин да се освои божествениот врв. Врвот на планината е рамен како плоча, а на оваа рамнина можат да се искачат само искусните и упорните.

ror

Рораима се смета за една од најстарите познати геолошки формации на светот, па се проценува дека истата е стара дури две милијарди години.

mesoyder

Честите врнежи од дожд на планината создале единствен екосистем кој вклучува неколку ендемски видови, како што се билките месојади, а тука се сместени и некои од највисоките водопади во светот.

roraima-vodopadi

email