jabolka-pixabay

Фото: Pixabay

За бербата во овоштарниците во државата Вашингтон во САД секоја година се ангажирани илјадници луѓе, од кои голем дел работат нелегално во земјата. Но, решение на овој проблем може да бидат роботи коишто грижливо и без никаков напор ќе може да ги берат плодовите од овоштарниците, пишува Associated Press.

На овие механички берачи работат компаниите FFRobotics и Abundant robotics, коишто планираат на пазарот да ги претстават за неколку години.

“Се намалува бројот на луѓе кои берат плодови. Младите луѓе не сакаат да работат на фарми, а постарите веќе се пензионираат“, вели Гад Кобер, соосновач на израелската компанија FFRobotics.

Бербата на голем број земјоделски култури одамна е механизирана, но берењето на овошје и понатаму се одвива рачно за да не се оштетат плодовите.

За да може роботите да се вклучат во бербата, ќе треба овошјето да се одгледува на малку поинаков начин за да може роботите да ги “видат“ за да ги наберат.

email