napkinФото: Pexels

Инспирирана од приказната на нејзина пријателка, но и поради илјадници други жртви на злоставување, студентката Данија Шерман од Вашингтон создаде салфета што може да препознае 26 до 40 најчести видови на наркотични супстанци, пишува британскиот Independent.

KnoNap е салфета која изгледа исто како и секоја друга, но сепак таа е “паметна”. Единствена разлика е во тоа што, доколку ставите капка од пијалок на неа, а пијалокот содржи дрога, салфетата ќе ја смени бојата што значи дека некој ви ставил недозволена супстанца во него.

Проектот во моментов го финансира локалниот универзитет, но на пролет креативната студентка ќе започне кампања на Kickstarter за оваа идеја да заживее низ целиот свет.

email