Samsonite International е светски позната американска компанија за производство и продажба на куфери. Во палетата на Samsonite има најразлични производи – од големи куфери, до чанти и паричници.

samsonite osnovac

Основач на Samsonite е Џес Швајдер од Денвер, Колорадо. Тој во 1910 година го создаде првиот куфер и му го даде името според библискиот лик Samson. Швајдер почнал да ја користи трговска марка Samsonite во 1941 година, а компанија конечно го променила името 25 години подоцна (во 1966 година).

Седиштето на компанијата во Денвер беше затворено во 2001 година, по што беше преселено во Масачусетс. Во 2005 година, Samsonite го купува поранешниот главен и извршен директор на Louis Vuitton, Марсело Ботоли, а на таа позиција останува до 2009 година.

samsonite-ss13-new-940x360

Во јули 2007 година, финансискиот инвеститор CVC Capital Partners, ја презеде сопственичката структура на Samsonite за 1,7 милијарди долари. Во јуни 2011 година, Samsonite успеа да собере 1,25 милијарди долари на иницијалната понуда на акции на Берзата на Хонг Конг. Компанијата сега има две седишта, во Луксембург и Хонг Конг.

20150213_samsonite_article_main_image

Од 2011 година, извршни членови на бордот на директори на Samsonite се Рамеш Дунгарман Таинвала и Кајл Франсис Гендро.

Во текот на првите години од постоењето на Samsonite, биле направени и првите чекори на луѓето кон патувањата низ светот. Па, токму тогашните куфери на Samsonite биле само уште еден важен детал во необичната можност да се патува низ различни места во светот.

timeline-1941

Џес Швајдер пред почетокот на Втората светска војна претстави нова линија на куфери под името Samsonite Streamline. Во 1958 година ја претстави линијата на куфери Silhouette, воведувајќи модерни форми и заштита на внатрешноста на куферите од оштетување и надворешни влијанија.

timeline-1962

Во 60-тите години од минатиот век се случија голем број патувања што беа спој на работа и задоволство (business and pleasure). Како одговор на барањата во тој момент, Samsonite ја претстави Samsonite Classic Attache case.

timeline-2006

Како одминуваа годините, Samsonite освен практични, на пазарот нуди и дизајнерски изглед на куферите за патување. Во 2006 година, компанијата го претстави Samsonite Black Label, куфер со потпис на дизајнерот Александар Мек Квин. Пет години подоцна, во големото семејство на Samsonite куфери се вклучија и Cordoba Duo и Sahora Regeneration. Тие се посебни по иновативната технологија што компанијата ја интегрира во овие куфери.

Производите на Samsonite се продаваат во повеќе од 100 земји ширум светот.

email