sentinel-facebook

Фото: Facebook

South Central Ventures, фонд што инвестира во стартапи од регионот, ја објави својата најнова инвестиција во хрватската компанија Sentinel Marine Solutions. Станува збор за платформа за рекреативни бродови што пловат по Јадранското море, чија цел е да направи нивно “паметно“ поврзување, стои на официјалната страница на SC Ventures.

“SC Ventures го носи неопходното ‘гориво’ за понатамошно проширување на тимот и поддршка на нашата стратегија за раст со агресивно темпо… Ние сме признати како специјалисти за изнајмување бродови и ќе го продолжиме фокусот во таа насока, но сега ќе направиме посилен потег на овој пазар“, изјави Марко Пилар, извршен директор на Sentinel Marine.

Инвестицијата од еден милион евра е наменета да го поттикне растот на стартапот во Европа и да се прошири во САД. Sentinel е трета инвестиција на South Central Ventures во хрватски компании, меѓу кои се Agrivi и Bulb.

Иако постојат илјадници паметни решенија што се достапни за автомобили или домови, во доменот на рекреативните бродови сè уште не се поврзани на “паметен“ начин. Овој пазар има голем потенцијал бидејќи во моментот има над 30 милиони рекреативни бродови регистрирани низ целиот свет.

South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот, располага со 40 милиони евра за инвестирање на иновативни компании од: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. SC Ventures има канцеларија и во Скопје.

email