Фото: Nordstrom.com

Американскиот синџир на бутици за облека, Nordstrom ќе направи мал експеримент со цел да привлече нови клиенти. Станува збор за концепт на бутик во којшто нема да се продава никаков вид на облека.

Овој концепт е поставен во простор од околу 280 метри квадратни, каде што клиентите ќе може да добијат персонализирани совети од лични стилисти кои ќе им ја порачаат облеката што најмногу им одговара, стои во официјалното соопштение.

Продавницата на Nordstrom ќе биде лоцирана во Калифорнија, а отворањето е на трети октомври. Ќе има осум соблекувални и голем отворен простор каде што ќе може да се одржуваат консултациите со личните стилисти.

email