power_long_14-345122307_std

Фото: Richard’s Architecture + Design

Дизајнерското студио Richard’s Architecture + Design (RA+D), сопственост на Ричард Морета Кастиљо, дизајнираше кула наменета за летечки автомобили. Кулата Smart Power Long, којашто ќе вклучува станбени објекти и простор за слетување на летачки автомобили, е планирана да се изгради во Шангај, пишува Inhabitat. Според студиото, футуристичкиот концепт ќе ја чува и околината со помош на вертикална шума со 50.000 дрвја и грмушки коишто ќе го прочистуваат воздухот.

Изградбата на масивната кула се очекува да биде комплетирана најдоцна до 2020 година, а за таа цел ќе бидат издвоени 600 милиони долари.

Smart Power Long ќе го прочистува воздухот по природен пат со помош на растенијата, а ќе има и 180 екстратори на јаглерод диоксид, коишто потоа ќе го исфрлаат прочистениот воздух од врвот на кулата, кореспондирајќи со стрелките на часовникот. Сето тоа ќе биде осветлено со LED сијалички за да се создаде илузија на оган.

“Зелените“ технологии се целосно вклучени во дизајнот, како што е фабрика за прочистување на вода што користи третман за дезинфекција базиран на ултравиолетова светлина, како и вертикална електрична централа што ќе генерира сончева, ветерна, геотермална и хидро енергија. Зградата за повеќекратна употреба, можно е и да вклучи конвенционален центар, лаборатории за истражување на речни води и резиденции.