hand-3020729_960_720

Фото: Pixabay

Меѓународната агенција за комуникации Grayling претстави шест маркетинг и комуникациски трендови коишто ќе им помогнат на брендовите и компаниските комуникатори да постигнат успех во 2018 година.

Заземање став

Границите меѓу бизнисот, политиката и културата стануваат сè понејасни и организациите немаат повеќе простор за маневрирање, бидејќи потрошувачите бараат јасност, посветеност и акција, а разновидноста е императив.

Урбана визија

Експертите за маркетинг сè повеќе ќе се фокусираат на глобалните “супер градови“ и порастот на нивното население кое постојано се менува, обезбедувајќи им на своите брендови значаен простор и ангажирање кон културно освестена публика.

Употреба на наративност

Од рекламни серијали и инстаграм приказни до можностите што ги нуди виртуелната реалност, брендовите сè повеќе пронаоѓаат нови начини за употреба на наративност за да го привлечат вниманието на корисниците и добијат верни следбеници.

Учење и тестирање

Како што темпото на промени се зголемува, компаниите со различна големина сè повеќе го применуваат старт – ап моделот.

Игра на брендовите

Сè станува игра. Паметните компании црпат идеи за своите цели и имиџ преку интеракција со потрошувачите.

Внимание

Брендовите треба да инвестираат во богата и целна содржина со вистинска вредност ако сакаат да успеат. Секоја стара содржина не може да го донесе саканиот резултат.