drink-3108436_960_720

Фото: Pixabay

Single Malt Fund е првиот регулиран инвестициски фонд за виски, а зад неговото креирање стои шведскиот ентузијаст Кристијан Свантесон, пишува Independent.

Фондот ќе им даде шанса на инвеститорите да купат мал дел од поголема колекција на ретки и ограничени изданија на виски.

Шишињата виски, ќе бидат одбрани од пет “портфолио“ менаџери, а љубителите ќе имаат можност да купат шише од овој пијалак преку онлајн инвентарот на фондот. Продажбата ќе се менаџира преку веб страна каде што ретките шишиња виски ќе бидат достапни за инвеститорите пред да одат на јавна продажба.