ivan-steriev-berza

Иван Штериев и во следните четири години ќе биде главен извршен директор на Македонска берза, одлучи Комисија за хартии од вредност.

“Комисијата за хартии од вредност даде согласност Иван Штериев да биде именуван за главен извршен директор на Македонска берза. Ова е уште еден нов мандат за Иван Штериев од четири години, кој функцијата главен извршен директор на Македонска берза ја извршува од 2005-та година до денес“, стои во соопштението.

Мандатот на Штериев е до 28-ми ноември 2020 година. Штериев во Македонска берза работи уште од 1996 година.

На седницата, КХВ донесе и согласност во следните шест месеци Јосиф Костадиновски да биде раководител на Одделот за работа со хартии од вредност при ТТК Банка.

email