blokirano

Фото: Pixabay

Административна забрана претставува забрана што се става на заработката на должникот, односно корисникот на кредитот, по негова согласност.

Работодавачот на кредитокорисникот се обврзува да забранува дел од неговата заработка, во висина на месечниот ануитет од кредитот, додека корисникот на кредитот не ги подмири своите обврски кон банката. На тој начин банката е сигурна дека месечните ануитети преку административната забрана ќе бидат редовно исплаќани од страна на работодавачот на корисникот на кредитот на сметката на банката.

Со потпишување на административната забрана, работодавачот се обврзува, додека од банката не добие писмено известување, нема да ја стопира административната забрана, како и тоа дека веднаш ќе ја информира банката дека на вработениот му е раскинат работниот однос, по што административната забрана му е испратена на новиот работодавач.

Овој вид на обезбедување најчесто го користат банките при кредитирање на населението. Износот што подлежи на административна забрана е до една половина или една третина од вкупната заработка на кредитокорисникот, во зависност од политиката на банката.

email