money-2212965_960_720

Фото: Pixabay

Акциза претставува посебен облик на данок на промет преку којшто се оданочуваат одредени производи. Најчесто на плаќање акциза подлежат производи од монополски карактер, за коишто не може да се најде замена на пазарот, а имаат висока побарувачка.

Поимот акциза за прв пат се среќава во 16-от век кога во Холандија се оданочувале алкохолни пијалаци, сол и шеќер со посебен данок што се нарекувал excijsen. Потоа, голем број земји го прифатиле овој вид на оданочување.

Македонското законодавство пропишува наплата на акцизи посредно или непосредно за потрошувачка на нафтени деривати, алкохол, тутун и автомобили. Овие акцизни стоки подлежат на акцизи во три случаи: со нивно производство во земјата, преку увоз и кога стоките се наоѓаат под царински надзор.

Акцизата може да се изрази во процентуален износ (пропорционална акциза) или во апсолуен износ по единица мерка (килограм, литар, парче – специфична акциза. Според Министерството за финансии, во Македонија акцизата на цигарите е 1,353 денари за парче и 9% од малопродажната цена. Од први јули лани до први јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на секој први јули секоја година.

Или пак, доколку некој купува или увезува автомобил што чини од 3.000 до 4.000 евра ќе треба да плати 0,50% акциза, а доколку вредноста на автомобилот е над 30.000 евра акцизата е 18%.

email