lap-top-kancelarija-pixabay

Фото: Pixabay

Аконтација претставува паричен износ помал од договорената вредност на одреден производ или услуга, што се дава како гаранција за извршување на однапред утврдена зделка.

Потреба од аконтација може да има кога две страни склучуваат договор, па едната се обврзува дека ќе исплати одреден износ како гаранција за извршување на она што е претходно утврдено и договорено. Вообичаено, аконтацијата се изразува во пари и означува делумна исплата на сè уште недостасаните обврски.

Аконтацијата преминува во сопственост на нејзиниот примател, со што тој очекува во утврден рок да му биде исплатен остатокот од договорниот износ. Ова плаќање може да биде при процесот на склучување на договорот или во текот на негова реализација, а пред другата договорна страна да ги почне или доврши своите обврски.

Во праксата постојат повеќе примери за користење на аконтацијата како поим. На пример, во даночниот речник аконтација е износ на даночен долг што обврзникот го плаќа во текот на годината во вид на месечен или тримесечен износ, до конечно исполнување на даночната обврска. Исто така, аконтација може да даде компанија на својот добавувач или извршител на услуга за да биде сигурна дека бараниот производ или услуга ќе ги добие според точно утврдени услови и во соодветно време.

email