pari

Фото: Pixabay

Аванс е износ на финансиски средства или одредена количина на производи што едната договорна страна ги предава однапред при склучување на договор на другата договорна страна.

Со тоа, авансот е своевидно предвремено делумно исплаќање на обврските. Целта на авансното плаќање е олеснување на извршувањето на договорените обврски, изведување на работи или услуги. Најчесто се применува во дејности коишто имаат поголема вредност, како што е изградба на објект, опрема или поголеми услужни активности, чие извршување трае подолго и ангажира поголем износ на финансиски средства.

Износот на авансот е условен од вредноста на договорот, а се изразува како процент од вкупната вредност што е предмет на договорот. Авансот се исплаќа еднократно во рок што е утврден во договорот, но пред деловниот партнер што е примател на авансот да го почне да ги извршува договорните обврски.

Аванс vs капар

Капарот претставува средство за обезбедување на одреден договор меѓу две страни. Едниот деловен партнер предава одреден износ на пари или производи на другиот партнер заради обезбедување и исполнување на договорените обврски, но претставува и знак дека договорот е склучен. Капарот се дава на основа на договор за капар и неопходно е двете страни точно да го детерминираат износот на капарот.

Значајната разлика на авансот во однос на капарот е тоа што авансот не претставува средство за обезбедување на договорот. Исто така, авансот нема ригорозно дејство како кај капарот, туку ако страната што го дава авансот се откаже од исполнување на своите обврски, тоа ќе се пресмета во извршување на обврските или како исплата на штета. Од друга страна, доколку примачот на авансот ќе ги исполни своите обврски, давачот на истиот ќе има право да го врати дадениот аванс во еднократен износ.

email