kasicka-pixabay

Фото: Pixabay

Банкарска дознака претставува налог што една банка го издава на друга за исплата на одреден износ на пари на трето лице. Овој налог банката го издава на основа на налог на својот клиент, што упатува на основа на неговото покритие да изврши парична дознака на физичко или правно лице назначено во налогот.

Врз основа на примениот и контролиран налог што го добива од клиентот, банката изработува налог за дознака на посебен образец и го пополнува со содржина што клиентот го насочува кон соодветна банка.

Секоја банкарска дознака треба да содржи: име на банката, име на налогодавачот, име на корисникот, износ, основа на она на што се врши исплата, евентуални услови под кои исплата може да се изврши…

Во меѓународните плаќања, домашната банка по налог на својот клиент ѝ налага на странската банка да исплати одредена сума на пари во странска валута, во форма на одобрение на сметка или исплата во готово.

email